Photo: IHF/Kolektiff
ХРВАТСКА - ФРАНЦИЈА 31-28 (18-11)
Хрватска е првиот финалист на 29 Светско првенство. Вечерва во преполната арена во Загреб, Хрвтите ја елиминираа репрезентацијата на Франција и ќе патуваат во Осло каде што во финлето ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Данска и Португалија.
Франција денеска покажа дека и топ тим може да се изгуби во амбиент. Французите имаа на хартија подобар тим, но на теренот подобар тим беше Хрватска. Особено во првото полувреме во кое место моќната Франција гледавме тим што се загуби на теренот, особено ќе ги издоиме како слаби алки десниот бек Недим Ремили кој во репрезентацијата игра како центрлен бек, потоа Беоноа Конку кој не само што беше бескорисен во нападот, туку од неговата дефазивна позиција Хрватска постигна многу важни голови преку Јелиниќ, голманите не одбранија ништо важно и конечно селекторот Гијом Жил падна на најважниот тест.
На спротивната страна, Хрватите влегоа во еуфорија играјќи пред 15.000 гледачи и на крилјата на претхониот меч почнаа да летаат низ теренот веднаш откако ги фатија слабостите на Франција. За разлика од противникот нивниот голман имаше значајни одбрани, Мартиновиќ и Срна решетаа од дистанца, Јелиниќ од крилна позиција и Хрватска имаше неверојатни плус девет уште во првиот дел, а по 30 минути игра беше 18-11.
Тоа што се играше во вториот дел може да се окарактеризира како „епска“ битка. На секој дел од теренот, за секоја топка.
Гијом Жил конечно се одважи со вистински центар да игра и во игра го уфрли Омерик Мин, одбраната излезе длабоко, речиси на 15 метри полупресинг, додека на линијата Фабрегас буквално го фрлаше Шипиќ од линијата за шест до линијата за девет метри.
Но, Мин заработи помалку дискутабилен црвен картон (имајќи предвид какви се дуели имаше) и одново на центар се врати Ремили кој вечерва, немаше своја вечер иако буквално ја „киднапираше“ играта на Франција во следниот период и се обидуваше сам да го реши мечот. Мали знаци на слабост покажаа Хрватите кои пречесто почнаа да лежат на теренот, но и тоа е дел од играта. Франција успеа да намали на пет гола и на четири гола, но тоа го правеше со голема мака, а секогаш кога ќе требаше да профитира од жестоката игра на одбраната, потфрлаа голманите и примаа гол од десет метри. Во тој елемент се прославија Срна, Мартиновиќ, а два потега со кој ја реши средбата имаше и Игор Карачиќ.
Последното „ура“ на Французите беше на пет минути до крајот кога Франција намали на минус три и имаше два играча повеќе во поле цели две минути. Но, уште во првиот напад Хрватска преку Карачиќ постигна гол, потоа и одбрани Кузмановиќ и возот за финале за Французите замине, на перонот остана само тој што вози во битката за бронзен медал.