Доленец се враќа во Словенија, ќе игра за Слован

Photo: IHF/Kolektiff

Еден од најпознатите словенечки ракометари, десниот бек Јуре Доленец спогодбено го раскина договорот со хрватската екипа Нексе и во вториот дел од сезоната ќе игра за словенечкиот тим Слован.
Урош Зорман, селекторот на Словенија е тренерот на екипата на Слован. Тие на почетокот на сезоната составија силен тим, но како се покажа во текот на сезоната, недоволно силен за остварување на нивните шампионски амбиции.
Затоа во клубот доаѓаат најмалку две засилувања, затоа што покрај Јуре Доленец, потпишан е договор и со голманот Рок Запоншек.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk