СП 2025: Данска - Бразил, Португалија - Германија

По вчерашните екстра драматични натпревари на кои Франција со гол на 0.03 секунди до крајот на мечот и Хрватска со гол на две секунди до крајот и со голем судиски превид се пласираа во 1/2 финалето на Светското првенство, денеска се на програмата другите два 1/4 финални натпревари.

Португалија, земјата во која доминираат браќата Мартим и Франциско Кошта оди кон историско сениорско полуфинале, а на патот и стои репрезентацијата на Германија. Португалија игра убав ракомет, но дисциплинирната Германија знае да биде за нив многу незгоден противник. Ќе биде ракометно уживање овој натпревар, се надеваме со завршница каква што гледавме вчера.

Бразил за прв пат е во 1/4 финале. Уживаат во играта латино-американците, но вечерва пред нив ќе стои ракометниот плејстејшн, Данска. Сѐ освен сигурна победа на Данците е надвор од очекувањата.

ДЕНЕСКА
БАРУМ АРЕНА, ОСЛО
17:30 Данска – Бразил
20:30 Германија - Португалија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk