Голот на Франција е чист, исправна одлука на Начевски и Николов

Photo: IHF/ Kolektiff

Франција и Египет одиграа ретко видена драма во 1/4 финалето на Светското првенство во која Франција со гол постигнат од центарот на игралиштето на 0.03 секунди до крајот стигна до минимална победа и се пласираше во полуфиналето каде што ќе се сретне до Хрватска.
Утрово хрватски портали објавија дека голот што Франција го постигнала е нерегуларен затоа што во кругот на центарот на теренот имало и друг играч на Французите.
Стручното објаснување што го добивме е дека голот е сосема регуларен и дека во кругот има право не само да има друг играч, туку и да му се додаде нему топката. Во случајов, пак, каде што има директен шут на гол и не се остварува никаква предност и голот од таа гледна точка е регуларен, а македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов по гледње на видео снимката донесоа исправна одлука.

Но, дали е регуларен победничкиот гол на Хрватска со Унгарија? Меч што го судеа шпански арбитри. Избројте кога ќе имате можност колку чекори направи напаѓачот Срна пред да асистира за победничкиот гол.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk