СП ВЕСТИ: Вардарецот Хансер трагичар за Куба, Начевски и Николов слетаа во Загреб..

Photo: IHF/Kolektiff

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Данска се пресели во Загреб и денеска ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Франција и Египет, од 1/4 финалето на Светското првенство.

Репрезентацијата на Гвинеја ја запиша својата деби мундијалска победа во битката за 31 место против репрезентацијата на Куба. Гвинеја победи 33-31, односно 5-3 на пенали откако по 60 минути игра плус продолжение резултатот беше нерешен.
Вардаровиот ракометар Хансер Родригез постигна 10 гола на овој меч, но беше и „трагичар“ затоа што го промаши првиот седмерец во пенал рулетот. Потоа Куба промаши и втор пенал, а Гвинеја постигна гол од сите пет обиди.

Шведскиот пикер Андреас Нилсон, препознатлив од времето кога ги бранеше боите на Веспрем, објави крај на репрезентативната кариера. Тој и на ова СП дојде од списокот на резерви откако се повреди првиот избор на селекторот Апелгрин, Оскар Бергендал од Магдебург.

Крилото на Хрватска и на германскиот тим Мелзунген, Давид Мандиќ заработи повреда на дланката (фрактура) и за него Светското првенство е завршено, а го чека и подолга пауза од клупските настапи.

Јапонскиот репрезентативец Шиносуке Токуда е замената за хрватскиот ракометар Лука Степанчиќ на позицијата десен бек во екипата на Ал Кувајт.

Францускиот клуб Нант потпиша договор со шпанскиот репрезентативец Јан Тарафета кој почнува во јуни годинава и е со важност до 2029 година. Тарфета во Нант доаѓа од редовите на екипата на Екс Прованс.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk