Младите репрезентации добија противници за СП и ЕП

Photo: RZS

Во длабоката мундијалска сенка, денеска беше организирана ждрепка за првенствата во младинските конкуренции што ќе се играат летово. Македонија има три репрезентации што ќе играат на највисокото ниво и ги дознаа противниците со кои ќе се сретнеме во текот на претстојното лето.

Младинската репрезентација на Македонија во која во моментов селектор е Раде Стојановиќ во јуни 2025 ја очекува мундијал во Полска, а тие ќе играат во градот Катовице. Нашите младинци за ривали во групната рунда ги добија Исланд, Романија и уште една селекција која ќе добие вајлд-карта од ИХФ за ова натпреварување. Избегнати се низа сериозни екипи и можеме да бидеме задоволни.

Женската младинска селекција се најде во групата А за наредното ЕХФ Еуро, каде што ќе се сретне со Полска, Унгарија и со репрезентацијата на Чешка.

Женската кадетска репрезентација ја очекува ЕХФ Еуро за ракометарки до 17 години, каде беше сместена во групата Б, заедно со селекциите на Словачка, Португалија и на Германија.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk