Денеска на СП: Хрватска против Унгарија, Франција против Египет

Продолжуваат мундијалските битки на 29 Светско првенство во машка сениорска конкуренција. Денеска сите светла од рефлекторите се насочени кон Загреб каде што ќе се одиграат два меча од 1/4 финалето.

Хрватска игра против Унгарија, а Франција ќе се сретне со екипата на Египет. Два врвни дуела, а особено од вториот очекуваме драматични моменти, иако и двата тима се „ранети“ со неиграњето на Мае, Лене, Деска односно Кадах, Хешам и Ел Дера. Египетските орли се во полоша ситуација, но поажаа дека и вака знаат да се борат и нема вооопшто да им биде лесно на рековалесцентите Мем и Пранди вечерва во арената. 
Утре во Осло ќе се играат другите два меча од 1/4 финалето во кои ќе се сретнат Португалија и Германија, односно Данска и Бразил. 

Вечерва, Хрватска со помош на 15 000 фанови против Унгарија ќе игра од 18:00 часот, Египет и Франција ќе играат од 21:00 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk