Вести од СП: Гидсел го минува Кузмановски и нема друг ривал, Аргентина без капитенот...

Photo: IHF/Kolektiff

Матијас Гидсел има отворен пат кон првото место на листата на стрелци на 29 Светско првенство. По комплетираната главна рунда, Матијас Гидсел го дели првото место со Филип Кузмановски. Двајцата имаат по 49 гола, но пред Гидсел има најмалку уште еден, а најверојатно уште три натпревари.
Во прилог на данскиот голгетер оди и податокот дека СП е завршено и за следните седум најдобри стрелци, па така неговата најостра конкуренција сега ја сочинуваат во моментов девето пласираниот Симон Питлик (37 гола), потоа Кико Кошта и Дика Мем (двајцата по 36 погодоци).

Крилото на репрезентацијата на Норвешка, Кристијан Бјорнсен, го одигра последниот меч за националниот тим. Дуелот со Шведска беше последен за крилото на Алборг во дресот на норвешкиот тим со заокружени 250 настапи за репрезентацијата.

Словенечкиот бек Рок Овничек, ракометар на Нант, одново се повреди. Настрада Ахиловата тетива и тој подолго ќе биде отсутен од теренот, а ќе го пропушти и мартовскиот квалификациски двомеч со Македонија.

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, голманот на шпанската екипа Бидасоа, Лео Масиел, (европски првак со Барса во 2022) објави крај на репрезентативната кариера.

Шпанскиот тренер Даниел Гордо веќе не е селектор на машката репрезентација на Турција. Турската федерација каде што имаше промена на врвот, бара селекторите да немаат двојна улога. Така Даниел Гордо мораше да бира меѓу Адемар Леон и Турција и ја одбра шпанската екипа.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk