Шпанија одигра историски лош мундијал

Photo: IHF/Kolektiff

Шпанија е новиот член на друштвото во кое се Полска, Норвешка, Шведска, Јапонија... земји за кои 29 Светско првенство е резултатски најлошото во нивната репрезентативна историја.
Вечерва Шпанија режираше трилер на дуелот со Бразил, но остана со празни раце и запиша нов порез (25-26) со кој остана на петтото место во групата, односно на делба на 17-20 место во конечниот поредок.

На една минута до крајот, Бразил водеше со 26-24 и имаше посед, но прокоцка два напада и му даде шанса на младиот Јан Баруфет да шутира за реми во последната секунда. Синот на легендарниот голман го промаши овој шут и мечот заврши со минимална победа на Бразил.

Иако во теорија можеше да го поправи својот пласман на СП, селекторот на Шпанија, Жорди Рибера на овој натпревар шанса им даде исклучиво на младите играчи, па така на теренот не ги видовме Алекс и Даниел Душебаев, многу малку играа Касадо и другите проврени играчи.

Затоа на нивна сметка играа Цикуша, Баруфет, Гури и другите млади играчи.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk