Шипжак си заминал, Полјаците лути, бараат казна

Репрезентацијата на Полска игра мундијал за брз заборав. Тие не успеаја да ја минат прелиминарната рунда и се преселија во неатрактивниот Президент куп.

Но, тука не завршија проблемите за полскиот состав. Нивниот најпознат играч, пикерот на ПСЖ, Камил Шипжак си заминал од тимот без одобрение и полската федерација планира да го казни, евентуално и да го суспендира што би се одразило и на неговиот настап за ПСЖ во Лигата на шампионите.

По ова се огласи и Камил Шипжак кој информираше дека со оглед на тоа дека е повреден и дека нема да може да игра до крајот на СП, на барање на ПСЖ кое било доставено и до федерацијата, тој заминал на дополнителни прегледи и терапии.

Кој е во право и што од ова ќе произлезе, ќе видиме многу брзо.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk