Серафимов: Можеме и повеќе и подобро



Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Хрватска со пласман на четврото место во групата, а тоа во конечниот пласман е место меѓу 13 и 16 место, група во која позициите ги делевме со репрезентациите на Шведска/Норвешка, Словенија/Исланд и Италија. 

„Ако зборуваме за нашите игри и за пласманот, тие се подобри од претходните години и задоволен сум поради тоа. Сепак, се може подобро, а тоа се однесува и на овој шампионат, на кој имавме шанси за уште подобри резултати.
Така беше и против Франција, не можеме да сме задоволни по еден ваков пораз. Искрено верувам дека имавме капацитет за посериозен отпор, зошто да не и да се бориме за реми или за победа. И Французите се само луѓе од крв и месо, иако е тоа одлична репрезентација. Верувам дека ако ние одигравме максимално можевме да им создадеме проблеми. Сепак, премногу грешевме, а тие се ривал што знае да казни такви ситуации. Ќе извлечеме поуки и верувам дека ќе бидеме уште подобри во наредниот период“, истакна леворакиот бек на РК Алкалоид, Мартин Серафимов
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk