Лазаров: Благодарност до Мукаетов



Машката репрезентација мина низ тешки периоди во кои мораше секому да се докажува, Кирил Лазаров мораше од натпревар во натпревар да го вложува своето реноме за да продолжи да работи на создавањето на репрезентацијата. 
Македонија сега има респектабилен состав, но приказната на оваа екипа допрва почнува. Целата екипа и целиот македонски ракомет се наоѓаат пред промени по кои не знаеме како ќе изгледа целата приказна. Кирил Лазаров, по завршувањето на СП, јавно му се заболагодари на претседателот Живко Мукаетов.

„Би сакал да ја искористам оваа можност за јавно да му се заблагодарам на Живко Мукаетов за поддршката што ни ја даваше во целиот овој период, со години наназад. Бевме заедно во добрите моменти, исто така и во лошите, но тоа само направи да бидеме уште поупорни за да успееме, и успеавме навистина - изградивме една нова генерација која игра квалитетен ракомет. Можам слободно да кажам дека тој е извонреден човек преполн со енергија, кој многу го сака спортот и ја сака Македонија, соработувавме беспрекорно и неговото заминување секако ќе остави трага“, изјави Кире Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk