Лазаров: Треба да учиме и да веруваме во тоа што го работиме



Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот со Франција направи мал осврт за мечот и воопшто за настапот на македонскиот тим.

„Oчекував тежок меч, затоа што се работи за Франција. Не нè потценија, можеби не играа со 100%, туку можеби 90%.
За нашите играчи ова е големо искуство, да се игра против ваква Франција. Со нив игравме и на Европското првенство во Германија. Сменивме многу работи од тој дуел. Воопшто не беше лесно да се следи ритамот кога даваш гол, а тие веднаш враќаат.
Ни требаа и многу измени, а уште немаме таков концепт на играчи. Ние имаме одлични работи и предности, меѓутоа и маани и дефекти, кои екипа како Франција ќе ги казни. Жал ми е за промашените три пенали во првиот дел, а мислам дека доаѓавме и до чисти позиции каде не дававме голови.
Меѓутоа, ова е шести натпревари, шести да го имаш против Франција и треба да сме задоволни. Во еден момент гледавме табела, ги броевме бодовите, одземавме на Австрија, на Унгарија...

Ова е едно големо искуство за нас, еден добар турнир, треба да сме задоволни и да научиме доста лекции. Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди и ведети кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Суперлига. Честитки до сите играчи, до стручниот штаб, од прв до последен. Мора да сме задоволни, со една мала горчина дека можевме повеќе. Но, знаете, треба да верувате во тие работи, а ние не верувавме. Благодарност до целата јавност за поддршката во текот на целиот шампионат“

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk