МАКЕДОНИЈА - ФРАНЦИЈА 25-32 (14-18)
Македонија на последниот натпревар од СП е поразена од топ фаворитот Франција (25-32), но го освои четвртото место во групата и на крајот СП ќе го заврши на 15 место.
Ова беше уште едно издание на македонскиот тим со кое е ракометарите потврдија дека се на вистинскиот пат.
Ова беше меч од каде што можеше да се учи. Да не заборавиме, оваа репрезентација е репрезентација во формирање. Нереалните, злонамерните и пакосните очекувања и критики кои беа поставувани пред нив додека ги минуваа најтешките моменти во нивното формирање се минато, но ова не е финалниот производ.
Доколку остане вака и се работи на висинскиот начин, наскоро побрзо од очекувањата би можеле да имаме стабилен тим од кого во еден момент, ќе може да се бараат и повисоки резултати. Засега е најбитно бројките да станат предизвик, а не препрека во нивниот натамошен развој.
Имаа многу што да видат денеска македонските играчи од врвните ѕвезди. Што значи да се пропушти зицер, пенал, како врвните играчи казнуваат, како на пример Дика Мем прави разлика, како е да се игра против топ дефанзивци како Конан и Карабатиќ...
Конечно, подвлечено, големо искуство за македонскиот тим, не само денешниот меч туку целиот турнир.
„Треба да извлечеме поуки, ова беше многу важен настап за нашите млади играчи. Со мала горчина дека можевме повеќе. Мораме да бидеме задоволни, сакам да им се забагадарам на сите за поддршката, изјави селекторот Кирил Лазаров.