Што за Македонија значи ремито Холандија - Австрија

Денеска се игра последното коло во групите во главната рунда на Светското првенство. Детектираме и во новиот систем „фалинка“, а тоа е што не се играат 1/8 финални натпревари, туку директно 1/4 финале. 
Тоа што се игра за пласман од 24 до 32 место, но не и за пласман од 9-23 место е главно од технички причини, но во целата слика и тоа изгледа како коцка во мозаикот наопаку наместена.

Во групата во која игра Македонија се одигра меч од последното коло меѓу Холандија и Австрија и таа средба заврши нерешено. Од една страна тоа добро се вклопува во теоријата дека можеме да стигнеме до 1/4 финале ако Катар ја совлада Унгарија, а Македонија ја совлада Франција. 
Од друга страна, за пласман од 13 до 16 место, односно на четвртото место во групата, Македонија вечерва не смее да загуби повеќе од 9 гола разлика. 
Загубиме ли со 10+ тогаш ќе завршиме на петтото место во групата или вкупно од 17-20 место на СП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk