Photo: IHF/Kolektiff
На едно коло до крајот на главната рунда, Португалија и Бразил се пласираа меѓу најдобрите осум репрезентации оставјаќи ги зад себе фаворизираните екипи на Норвешка, Шведска и Шпанија.
Португалија денеска ја преслуша Шпанија, а Бразил ја изненади Шведска и го зазема второто место, зад португалскиот состав.
Дербито на денот се играше во загрепската арена каде што домашната Хрватска играше на сѐ или ништо против Исланд. И одигра маестрално. Ги фати од прв момент на „ура“ подзаспаните исландски играчи и изгради предност од 7-9 гола разлика која на задоволство на полната сала ја задржа до крајот. Ѕвезда на мечот беше голманот Кузмановиќ кој имаше 18 интервенции.
РЕЗУЛТАТИ:
Шпанија - Португалија 29-35
Египет - Словенија 26-25
Шведска - Бразил 24-27
Чиле - Норвешка 22-39
Хрватска - Исланд 32-26