Филип Кузмановски беше презадоволен по новото одлично издание на македонската репрезентација, овојпат наградено со заслужена победа над селекцијата на Катар.
„Кажав и пред натпреварот со Катар дека одиме на победа. Верував во сите, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да славиме. Сите бевме пожртвувани максимално, горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум радосен за оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Одигравме како тим, изгинавме сите за еден и покажавме единство“, рече капитенот на македонската репрезентација по денешниот триумф.
Македонија настапот на ова СП ќе го заврши в сабота, со дуел против гигантот Франција закажан за 20.30 часот во салата во Вараждин.