ЛАЗАРОВ: Верувавме во системот и тоа што го работиме

Македонија ја забележа втората победа на СП 2025. Нашите ракометари славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат.

По мечот краток осврт даде и селекторот Лазаров…

„Честитки на момците за сето она што го прават за овој дрес. Тешко е на петти меч против квалитетен противник да имаш фокус, концентрација и борба. Секоја чест за сите играчи. Ние веруваме во она што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет. Веруваме во системот, во поставеноста, во стратегијата. Се гледа дека собираме искуство, во неколку наврати ги вративме Катарците во мечот, но имаме една глава и опашка, честитки до играчите за нивната борба“, изјави Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk