Митревски: Мораме да ја казниме секоја грешка



Никола Митревски имаше проблеми и висока температура, но искусниот голман даде свој придонес за да стигнеме до големата победа над Катар.

„Пред сè, сакам да им честитам на сите играчи и стручниот штаб за одлично одработениот натпревар. Сите се заслужни за победата, ние сме тим, сите работиме заедно, без разлика кој е на терен повеќе, а кој помалку. Дојдовме до разлика која ја држевме, ја зголемувавме, па се намали.  Катарците споро се враќаа назад, успеавме лесно да ги пробиеме. Имавме тактика за нивната одбрана. Чекор напред сме од претходните натпревари кои ги имавме, одиме чекор по чекор полека, да напредуваме“, изјави Митревски по натпреварот.

Како најискусен во нашиот табор, голманот испрати и порака на што треба да се обрне внимание за уште поголем напредок на репрезентацијата во наредниот период.
„Оваа репрезентација се уште има да учи, за да може да се носиме со оние најдобрите селекции во светот. Само со верба и работа може да се стигне до таму, може за пример да ја земеме една Португалија, која дојде при самиот врв со напорна работа и со собирање на искуство“, рече Митревски.
Во финишот ако бевме уште малку посериозни, ќе победевме поубедливо. Мора да го научиме тоа, да бидеме како Скандинавците – ако им се даде шанса, ќе ја убијат секоја твоја грешка и опуштање. Ние напредуваме, тука нема дилема, очигледно е колку подобри играме во однос на пред неколку месеци со Литванија, но мораме да бидеме уште поконкретни за да станеме топ-репрезентација, да можеме да победуваме селекции од највисока класа. Португалците ја имаат научено таа лекција, да ги казнуваат грешките на противниците, тоа е она што нам ни недостига за да продолжиме да се развиваме, да бидеме уште подобри во наредниот период“, додаде Никола Митревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk