Маркоски: Добро бевме спремни за Катарците



Македонија ја запиша својата втора мундијалска победа во Вараждин, а Никола Маркоски беше еден од играчите кои освен што ја држеше одбраната, трипати погоди во мрежата на Катарците во многу важни моменти. 

„Одигравме еден добар натпревар на кој дојдовме до победа, не дозволивме ривалот во ниту еден момент сериозно да ни се доближи. Од Катар не успеаја да не изненадат со нивната игра, гледавме видеа и добро се спремивме. Не видовме ништо ново од нив го играа тоа што го играа и досега на првенството. Ние добро ја спремивме нашата одбрана и дојдовме до бодови со висок број на постигнати голови“, изјави Никола Маркоски.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk