Photo: IHF/Kolektiff
Словенечкиот бек на македонскиот првак Е. Пелистер, Нејц Цехте, го напушти одделението за интензивна нега во загрепската болница, но и натаму е хоспитализиран по незгодната повреда што ја здоби на натпреварот со Аргентина.
Аргентинскиот ракометар и федерацијата лично му се извиниле на Цехте за кого првенството е завршена, а можеби и целата сезона.
Три скршени ребра е епилогот на дуелот на Цехте со аргентинскта одбрана. Селкторот Урош Зорман веќе повика замена и Јуре Доленец им се приклучи на Словенците за продолжението на мундијалот.