Филип Талески во плановите на ГРК Охрид

Екипата на ГРК Охрид наголемо ги прави плановите за следната сезона во која во клубот ќе се обиде да направи уште еден чекор напред и да стане целосно рамнправен со триото кое говинава го води главниот збор во македонската Суперлига. Охрид е познат како тим кој комбинира и домашни и странски ракометари и ќе има нови играчки промени со кои очекуваме да видиме и познати имиња.
Неофицијално дознаваме дека ГРК Охрид за следната сезона сака во своите редови да го види македонскиот интернационалец Филип Талески. Тој во моментов игра за екипата на Бенфика од Португалија, а дали повторно ќе се врати во македонскиот шампионат ќе дознаеме наскоро. Филип Талески своите најдобри сезони во кариерата ги одигра во македонски клубови, додека настапуваше за Металург и подоцна во тимот на Вардар.
Тој не е дел од репрезентацијата која настапува на мундијалот, но вратата од националниот тим не е затворена за ниту еден играч. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk