Вујо смени крила и голмани



Репрезентацијата на Катар за денешниот натпревар со Македонија пријави две измени во тимот. Од екипата испаѓаат голманот Билал Лепеница и крилото Ахмад Мадади, а новите ракометари се голманот Ирфан Алихоџиќ и крилото Хамди Ајед.

Левото крило Ахмад Мадади (фото) е третиот најдобар стрелец во тимот на Катар, зад Франкис Марзо и Жарко Марковиќ, а водечки е во својот тим по број на украдени топки. Таа е замената што ќе има поголем ефект во екипата, што се однесува до голманската позција и таа ротација, помалку е сеедно затоа што прв голман на Катар и денеска би требало да биде Анадин Суљаковиќ.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk