Photo: IHF/Kolektiff
Со име „Комета Јапонија“ и нов селектор од Шпанија, репрезентацијата на Јапонија замина во Данска на своето 16 учество на Светско првенство во машка сениорска репрезентација.
Тони Херона од клупата на Србија се пресели на Далечниот исток и таму ја презема диригентската палка од Карлос Ортега кој ги водеше Јапонците на ОИ Париз, но тој беше привремен селектор, вистинската работа и креацијата на јапонскиот тим ја заврши Дагур Сигурдсон пред да ги остави и да дојде на клупата на Хрватска.
Јапонија годинава обезбеди пласман на ОИ победувајќи на шампионатот одржан во Катар, а малку фалеше да биде сензација во Париз (ќе се сетите можеби на мечот со Хрватска).
На СП 2025, Кометата Јапонија стана камиказе комета која веќе се судри и распарчи. Тие ќе го запишат најслабиот пласман во историјата, а поразите од екипи како Чиле и особено од САД кажуваат дека овој тим се вратил многу, многу назад.
Што се крие зад ваквиот епски неуспех?
Јапонија на ова СП е без осум играчи од Олимписките игри. Дел повредени, дел незадоволни. Меѓу нив се и плејмејеркот познат од играњето во Вардар, Косуке Јасухира и пикерот на Нант Шуичи Јошида. Наводно сакале да бидат платени за играњето во репрезентацијата според зборовите на новиот селектор и затоа ги нема во тимот.
Каков е навистина амбиентот таму и какви промени внесе во играта Тони Херона, се пресликува на нивните резултати, а таму стојат запишани порази од Чиле и САД и сега во рангот со Гвинеја и Куба.