КИЗИЌ: Катар е силен, но ќе бидеме спремни



Македонската репрезентација успеа да „чепне“ еден голем тим во прелиминарната и еден тим во главната рунда. Дел од нашите австриски колеги, дојдени во Вараждин со надеж дека ќе стигнат и до загрепското 1/4 финале, вчера по дуелот со Македонија разочарано се спакуваа и си заминаа дома.

Македонија во Вараждин дојде со поинакви цели, тенка беше линијата што можеше и нас да нѐ однесе кон најдобрите осум, но поинакви планови има(ше) судбината за овој наш млад тим.
Австрија е архивирана, следен е Катар.

„Уште еден неизвесен натпревар во кој одигравме егал со квалитетна репрезентација. Беше навистина тешко, особено во ситуација кога играа „седум на шест“ на едно исклучително ниво. Таа тактика си носи и свои ризици, но Австријците ја играа квалитетно. Затоа, радува начинот на кој им одговоривме и стигнавме до бод што апсолутно го заслуживме. На ред е Катар, уште една квалитетна репрезентација против која веруваме дека можеме да играме и да се обидеме да се подготвиме. Секогаш одиме чекор по чекор, до вчера се подготвувавме само за Австрија, сепак верувам дека ќе бидеме подготвени и за утрешниот дуел со Катар“, истакна Кизиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk