Кузмановски: Поквалитетни бевме, покажавме како треба да изгледа Македонија



Македонија и Австрија ги поделија бодовите на натпревар кој резултатски беше многу поитересен  и подинамичен отколку што беше во реалност играта на теренот. Особено противникот се истакна со успорување на играта и со својата „7 на 6“ стратегија во која се комбинираа до чиста позиција или раб на пасивна направи многу проблеми на Македонија.
На крајот - нерешено. Флоскулата вели дека такво нешто е најреално, во реалност за победата жалат и двата тима. 

„На крајот можеме и да жалиме. Мислам дека денеска бевме поквалитетни од Австрија. Нема да споменуваме дека им недостасуваат играчи, гледаме само за нас. Денеска ние бевме спремни, но имавме проблем со нивниот напад „7 на 6“. Играат сигурно и трпеливо со последна шанса. Не е дека не бевме подготвени, но добро го играат тоа и ги решаваат ситуациите. 
Претходно имав пенал, можеби за победа, но сега треба да сме среќни што последниот шут заврши во голот.
Покажавме уште една борбена игра, како треба да изгледа Македонија и како треба да изгледаме.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk