Второ реми на Македонија на тековното првенство. За разлика од дуелот со Унгарија кога тие извлекоа бод, сега Македонија беше екипа која последна ја затресе мрежата на противникот. Марко Митев по еден меч пауза се врати на терен и беше еден од најдобрите македонски ракометари.
„Можам да кажам дека и ние сме задоволни затоа што на пет секунди до крајот губевме со еден гол разлика. Имавме среќа. Многу проблеми ни направија со играта седум на шест. Иако се подготвуваме за таква игра, сепак, тие имаат искусни играчи што добро знаат што прават во такви ситуации.
Имаме и повредени и играчи што имаа проблем со покачена температура. Но, имаме време за рекуперација, ќе излеземе на терен и ќе играме против Катар за нова победа.
Чувствувам уште малку болка во рамото, но реков имаме уште време да се рехабилитираме и ќе бидам спремен и за натпреварот со Катар“, изјави Марко Митев