Заврши прелиманрната рунда на СП, а со неа и престојот на најголемиот дел од македонските навивачи кои беа дојдени во Вараждин да навиваат и да го следат во живо Светското првенство.
За разлика од првите три натпревари на кои имаше околу 2000 македонски навивачи на трибините, за дуелот со Австрија, помалку од пола час пред мечот на трибините сега има околу 100-200 навивачи, а празно е и подтрибините, а и фан зоната денеска не беше добро посетена.
Планираниот ангажман, крајот на викендот, терминот од 15:30 часот, високите цени на влезниците, ригорозните мерки и недоразбирањата со редарските служби и полицијата... сетоа тоа си стави по некоја коцка во мозаикот кој денеска ќе го одбележат празните трибини. Голем дел си заминаа, извесен дел се предомислија за доаѓање и покрај добриот настап на македонската репрезентација.
Како и да е, во продолжение очекуваме сосема поинаков амбиент во Вараждин.