Пролет ќе го исплати договорот на Јовиќ

Скопскиот суперлигаш Тинекс Пролет донесе морално многу коректена одлука и договорот што ненадејно почитнатиот тренер Александар Јовиќ го имаше со клубот ќе остане активен до крајот на натпреварувачката сезона и средствата што тој требаше да ги добива ќе се исплаќаат на неговото семејство. 

Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство, објави РК Тинекс Пролет

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk