Австрија ни е последната европска жртва на СП



Македонската репрезентација има убава низа на настап на СП што без прекин трае од 2013 година. Секој јануари во непарна година, повеќе од една деценија е резеревран за мундијалите, а пред денешниот натпревар со Австрија, доаѓаме и до еден интересен момент.
Македонија последен пат победа над европска репрезентација на Светско првенство славела пред 10 години во Катар и тоа против – Австрија.
Во 2023 на СП и совладавме Алжир, Мароко и Ј. Кореја, во 2021 бевме подобри од Чиле, во Германија во 2019 ги совладавме Јапонија и Бахреин, а во 2017 единствените победи ги запишавме над Тунис и Ангола и имавме нерешен резултат со Исланд.
Тоа не враќа назад во 2015 и СП во Катар каде што од европските екипи ги совладавме Босна и Херцеговина и денешниот противник, тимот на Австрија.
Двајца ракометари од тој меч ќе бидат и денеска на теренот, тоа се пикерите Никола Маркоски и Роберт Вагнер.











 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk