Како ќе се врши ранкингот во главната рунда?



Репрезентацијата на Македонија се пласираше во главната рунда на Светското првенство и со тоа влезе меѓу репрезентациите што ќе се натпреваруваат за пласман до 24 место. Преостанатите осум екипи што играат во Президент Куп ќе бидат пласирани од 25-32 местo.
Со овој пласман Македонија го подобри остварувањето од пред две години, a во теорија има шанси да го повтори најдобриот пласман во историјата, а тоа е пласман на 9 место, актуелен од 2015.
Мали се шансите Македонија да заврши на едно од првие две места во групата и така да се пласира меѓу најдобрите осум.
Најреално е да очекуваме Македонија да биде пласирана од 9 до 24 место. А тоа ќе се врши на следниот начин.

Екипите што ќе завршат на третото место во секоја група од главната рунда ќе бидат рангирани на позиција од 9 до 12 место.
Екипите што ќе завршат на четвртото место во својата група од главната рунда ќе бидат рангирани од 13 до 16 место.
Екипите што ќе завршат на петтото место во групите во главната рунда ќе бидат рангирани од 17 до 20 место.
Екипите што ќе завршат на последното шесто место во групите ќе бидат рангирани од 21 до 24 место.

Како ќе врши тој ранкинг?
1. Број на освоени бодови
2. Ако две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, тогаш гол разликата од главната рунда ќе биде решавачка.
3. Ако и тогаш има изенадчени екипи, тогаш бројот на бодови во прелиминарната рунда, потоа гол разликата во прелиминарната рунда и на крајот поголем број на постигнати голови во прелиминарната рунда.
4. Ако и тоаш има израмнети екипи, тогаш пласманот ќе биде одреден со ждрепка.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk