Лазаров: Ќе играме со сѐ посилни противници



Македонија денеска е одново на терен, противникот е познат, репрезентацијата на Австрија. Имаат персонални проблеми, но тоа е сериозна екипа составена од искусни и проверени играчи и досега на првенството пружи толку колку што од нив се бараша за да стигнат до второто место во групата. 

„Среќни сме и задоволни што одигравме квалитетна прва фаза и се пласиравме во главната ринда каде не очекуваат нови три натпревари против Австрија, Катар и Франција. Размислувавме и анализиравме, треба да бидеме задоволни, но исто време треба да бидеме свесни дека имаме слаби страни кои што ние ги знаме. Колку противникот поспоро ги открие толку ќе биде подобро за нас. Како што минува првенството, доаѓаат уште посериозни репрезентации кои знаат што сакаат во секој момент од мечот.
Внимателен сум. Како одите понапред патот е потежок. Од друга страна сме здоволни се направи добра атмосфера, добра кохезија, најважно е што се боревме, го дадовме максимумот.
Можеби таа наша борба заедно со нашите навивачи ги прикри тие наши слабости. Сакам да кажам дека има уште резерви, дали истите ќе успееме да ги подобриме ќе видиме.
Австрија е репрезентација која знае што сака во секој дел од мечот. Двајца важни играчи им повредени што е секако плус за нас, ќе пробаме тоа да го искористиме. Но, без разлика на се, нивниот систем функционира во сите фази на ракометната игра.
Ќе биде тешко, исцрпно...Мора да бидеме физички и ментално спремни, треба да го одработиме мечот квалитетно“, изјави Лазаров. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk