Photo: IHF/Kolektiff
Репрезентацијата на Австрија, првиот противник на Македонија во главната рунда од Светското првенство имаше уште еден пех и остана и без третиот најдобар играч во својот тим.
Австрија одамна е без Никола Билик, пред стартот на СП остана без Јанко Божовиќ, а по вториот мундијалски меч и без Борис Живковиќ. Тој заработи повреда на рамото и иако не е комплетно отпишан, најверојатно нема да биде спремен до вторник.
Во ваква ситуација, Австрија остана без ракометари што шутираат од надоврешната позиција, па нивни главен играч во преостанатиот дел од СП ќе бидат Хутечек, Фримел и Вагнер.