Марко Митев ќе биде во ред

Селекторот Кирил Лазаров на натпреварот со Гвинеја штедеше неколку ракометари, а во составот воопшто не беше еден од најважните ракометари, плејмејкерот Марко Митев.
Лазаров по натпреварот објасни за што се работи.

„Марко Митев има ситна повреда, но колку и да сакаше да игра, против Гвинеја не можеше. Познавајќи го знам дека ќе направи се да игра на следниот меч и се надевам дека ќе биде во ред“, изјави Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk