Лазаров: Вујо е џентлмен, интересен за медиумите



Првиот следен противник на Македонија е Австрија, а потоа ќе се сретнеме со добро познато име – Веселин Вујовиќ на чело на Катар.

„Ќе биде возбудливо против Австрија, ќе се бориме. Немаме многу време, но ќе пробаме да се спремиме, ќе го додадеме нашиот максимум. Австрија е сериозен противник, треба да биеме перфектни за да очекуваме нешто. Мора да работиме на реализацијата бидејќи во еден посериозен меч со ваква реализација ќе биде многу тешко. Мислам дека момците се свесни за тоа. Имаме искуство од вакви турнири, добро ги менаџираме работите.
Вујо е интересен лик за јавноста и за нашите навивачи, има добро минато со Македонија. Мислам дека е голем џентлмен, како што кажав доста интересен за медиумите, очекувам да биде коректен. Нека победи тој што ќе биде подобар“, вели Лазаров.

Поврзани вести