Со 14 одбрани зад своето име, голманот Марко Кизиќ беше еден од клучните ракометари во првата победа на Македонија на СП 2025.
„Одличен меч. На почетокот бидејќи ми е прв старт на мел, бев во грч. Поддршката од трибините ми помогна да се опуштам. Влеговме во ритам и одигравме одличен меч. Се чувствуваме одлично. Штета што не одиме со повеќе бодови. Имаме одлична атмосфера. Ја совладавме првата цел, а сега одиме чекор по чекор”, изјави Кизиќ.
Македонскиот тим со победата над Гвинеја се пласираше во главната рунда и во вторник ќе се сретне со екипата на Австрија, потоа ќе игра со Катар и на крајот со репрезентацијата на Франција.