МАКЕДОНИЈА – ГВИНЕЈА 29-20 (14-10)
Македонија се пласираше во Главната рунда на Светското првенство, а таму силите ќе ги одмерува со Австрија, Катар и Франција. Нашиот најдобар тим, пласманот го верификуваше со рутинска победа над репрезентацијата на Гвинеја.
Македонската репрезентација во решавачкиот, трет меч за пласман во Главната рунда влезе со еден освоен бод од дуелот со Унгарија во првото коло. Натпреварот со Гвинеја беше проектиран како дуел на кој мора да се победи за да биде остварена целта, а иако бевме блиску до победа во првото коло, а во второто веројатно можевме до поинаков епилог ако имавме други поквалитетни судии, на крајот сѐ се сведе како што беа очекувањата пред стартот на мундијалот, дека првата победа ќе ја бркаме против Гвинеја.
Во пресрет на овој натпревар селекторот Кирил Лазаров беше принуден да направи една замена. На местото на централниот бек Марко Митев, во тимот влезе пикерот Валентин Карасманакис.
Македонија што беше и за очекување не беше во издание како во првите две кола. Дури беше не премногу индиферентна од почетокот на на мечот и прв пат поведе на овој натпревар во осмата минута (3-2) откако претходно промаши наколку напади. Потоа одново во 10 минута (4-3), па во 13 минута (5-4) и одново промашивме два шута за конечно да ја скршиме резултатската клацкалка. Така во 16 минута беше 5-5, па дури имаа и напад за водство Гвинејците.
Македонија продолжи неубедливо, особено во напад, па така во 19 минута запишавме ново водство за Гвинеја (7-6). Две минути подоцна Македонија се врати во водство (8-7) и за прв пат на мечот поведовме со плус два гола (9-7). Павле Атанасијевиќ со првиот гол ја доведе Македонија во водство од 11-8, па дојдовме и до највисокот водство до тој момент (12-8) во 27 минута.
Со деби голот на Валентин Карасманакис на СП воопшто, Македонија поведе и со плус пет, 13-8, а на полувреме резултатот беше 14-10.
На почетокот на вотирот дел Македонија поведе со 16-10, а потоа со поддршка од голманот Марко Кизиќ постигнавме лесни голови преку Иван Џонов и во 37 минута беше 19-11, потоа и Костески погоди и нашиот тим поведе со 20-11.
Осум до девет гола разлика за Македонија беше до крајот на натпреварот
Статистички најистакнати поединци во нашиот тим беа голманот Марко Кизиќ со 15 одбрани и Филип Кузмановски со 12 гола.