Џонов: Гвинеја е поинаков тим, но нема да се опуштиме



Македонската репрезентација попладнево (18ч) ќе се сретне со тимот на Гвинеја во решавачкиот меч за пласман во Главната рунда на СП 2025. 
Македонија има меч топка за премин на следното ниво, но мора да си ја одработи задачата, за тоа се свесни сите во тимот. 

„За натпреварот со Гвинеја мора да бидеме максимално подготвени, затоа што се посебен вид на репрезентација, немаме играно со таква селекција. Играат поинаков ракомет, треба да не ги потцениме и да бидеме максимално борбени како во претходните две средби за да дојдеме до посакуваната победа. Гвинејците може да бидат непредвидливи во некои потези и ситуации на теренот. Мора да внимаваме и да бидеме сконцентрирани. Атмосферата во која играме не мотивира, се надевам дека сите ќе продолжат да не поддржуваат во истиот стил“, изјави Иван Џонов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk