Македонија денеска игра меч за Главна рунда



Македонија денеска игра меч за математичко обезбедување на пласман во Главната рунда на Светското првенство.
Играме против Гвинеја, репрезентација која не би смеела да биде вистинска препрека пред остварувањето на целта на нашиот тим, а тоа е пласманот во следната фаза.
Гвинеја ја гледавме на двата меча досега и врз база на тоа што го одиграа можеме да констатираме дека вечерва нема да бидат вистинска опасност доколку Македонија одигра на потребно ниво. Потребно е да се покаже почит кон противникот и да се одработи задачата пред да дојдат на ред новите два големи натпревари.

Дуелот со Гвинеја почнува во 18:00 часот и директно ќе биде пренесуван на МТВ.

Македонија најверојатно пласманот во Групната фаза ќе го заокружи на третото место. Имаме теоретски шанси да бидеме и втори, доколку Австрија ја совлада Унагрија, а ние ја совладаме Гвинеја со доволна разлика за да имаме подобри бројки од Унгарија.
Во моментов Унгарија има гол разлика +17, Македонија има -5.
Ако останеме на третото место, тогаш на 21 јануари ќе играме со Австрија, на 23 со Катар, а на 25 јануари со екипата на Франција.

За македонската публика, освен резултатот, денеска е најважно да не направи инцидент за да може репрезентацијата и во следната фаза да игра со присуство на гледачи и да не им се направи непоправлива штета на навивачите кои го испланирале своето патување и платиле билети за Главната рунда од првенството. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk