Хампус Ване, шведското крило кое три години мина во Барса и стана и европски првак, летово заминува од каталонскиот клуб.
Се споменуваа големи имиња за негова следна дестинација, но најверојатно ќе се случи сосема спротивното. Најсериозен кандидат за нов клуб на шведскиот ас е второлигаш од Данска, екипата на Хој Елите.
Ова е клуб што сака со брзи чекори да отиде напред, а Ване е една од инвестициите со која сакаат да ја постигнат целта.
Хампус Ване во Хој Елите би формирал опасен крилен тандем, затоа што во оваа екипа сезонава игра најдобриот стрелец во историјата на Бундеслигата, десното данско крило Ханс Линдберг.
Photo: FC Barcelona Handball