Јасухира оди во Магдебург!?

Јапонскиот бек Косуке Јасухира би требало да се врати во Европа според дел од европските медиуми и тоа во Бундеслигата каде што ќе го носи дресот на поранешниот европски шампион и актуелен првак на Германија, Магдебург. 
Оваа германска екипа имаше големи проблеми со повредени играчи и од нивниот тим на листата на повредени се преселија прво Феликс Клар, шведскиот плејмејкер, а потоа и неговата замена Мануел Зендер од Швајцарија. 

Јасухира го нема на тековново СП, најверојатно поради недозразбирања со јапонската федерација, а ако се реализира најавата, ќе имаме шанса одново да го гледаме и тоа во најсилната клупска конкуренција. 

Photo/JHA

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk