По две кола на СП, Македонија во следното коло игра меч кој мора да го добие. Се среќаваме со Гвинеја, аутсајдерот во групата, а победата над оваа репрезентација ќе значи и пласман во Главната рунда каде што ќе се сретнеме со Австрија, Катар и Франција, по тој редослед.
„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство.
Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји.
Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, изјави Ненад Костески.