РФМ ќе плати казна плус закана за празни трибини


 

Ракометната федерација на Македонија е казнета од Светската ракометна федерација со парична казна од 10.000 швајцарски франци поради однесување на македонските навивачи на натпреварот меѓу Македонија и Холандија одигран во Вараждин во второто коло од Светското првенство.

Во прв момент се чинеше дека РФМ ќе биде само опоменет, но со одлука на Извршната комијса, ИХФ одлучи да ја казни не само РФМ, туку и Хрватскиот ракометен сојуз поради слаба организација.

На натпреварот со Холандија, македонските фанови од трибината фрлаа со разни предмети, пластични шишиња и течности. Особено тоа беше активирано по завршувањето на мечот, па репрезентативците на Холандија избегаа од теренот за време на прогласување на најдобрите играчи на натпреварот.

ХРС ќе мора да ангажира поголем број редари и да го испразни од гледачи делот од трибината што се нааоѓа позади клупите за резервни играчи и записничката маса.
ИХФ ги предупреди ХРС и РФМ, дека ако ваков инцидент се повтори, во салата ќе биде забрането присуство на публика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk