Хрватската и светска ракометна легенда Домагој Дувњак најави дека ова ќе биде неговото последно СП и играње за репрезентацијата на Хрватска.
Се очекуваше Дувњак на ова првенство да биде како некогаш и со овации од трибините да се раздели со репрезентацијата. Место тоа, се раздели со солзи.
На мечот со Аргентина, Дувњак повреди мускул, лист на ногата. ХРС потврди дека магнетното снимање за жал ја потврдува повредата, а селекторот изјави дека за него мундијалот е готов и повика нов играч.
Новиот ракометар во тимот на Хрватска е поранешниот вардаров ракометар Игор Карачиќ.