Коиј: Во Македонија спортот е на живот или смрт



Македонија е во центарот на вниманието на СП и по вториот одигран натпревар. Овој пат, арбитражата, но и однесувањето на дал од македонските навивачи на трибините се во насловите на медиумите. 
Дел од македонската публика и направи мечкина услуга на репрезентацијата затоа што фрлаше со разни предмети од трибините, Холандија си изрежира мини драма, избега од теренот и се претстави како жртва на натпреварот. Сега фокусот не е на арбитражата туку на однесувањето на навивачите. 

За холандските медиуми, интересен стана Ларс Коиј, пикерот на Вардар. Не поради фактот дека играше одлично полувреме (4//4), туку затоа што игра во Македонија. Во поопширно излагање, Коиј меѓудругото го изјави и следново: 

„Тие се комплетно поинаков свет и култура. Сѐ што прават, прават со страст. Некогаш и низ разговор изгледа како да се лути, но тоа тоа може да биде сосме нормална конверзација за нив. Но, тие се отворени и социјализирани луѓе, а во спортот сѐ е на живот или смрт. Ако победиш си бог, ако загубиш, тогаш си - ништо. Не разбирам многу, од соиграчите дознавам што се 'добиваме' од трибини. Игравме дерби пред четири илјади во Скопје и тоа беше посебно и прекрасно искуство“, изјаци Коиј. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk