Македонија беше поразена во второто коло од Холандија, иако не разочарување туку гнев е чувството по натпреварот, особено затоа што арбитражата не беше фер за двете страни.
Но, како и претходниот и овој меч треба веднаш да се архивира и фокусот да се насочи кон утрешниот дуел со Гвинеја.
„Се држевме до дваесеттата минута, но фокусот ни падна. Во второто полувреме имавме шанса да се вратиме, добро отворивме, но не ни дадоа двајцата судии. Последните десет минути од првото полувреме му дозволивме на ривалот да ја направи разликата и да го контролира мечот. Требаше да го успориме нивниот ритам, но не успеавме.
Судискиот критериум беше преригорозен, дванаесет пенали, два црвени за нас, имавме и еден куп исклучувања... нема што да се зборува повеќе за тоа“, ни рече Митев по натпреварот.