Лазаров: Натпреварот излезе од контрола



Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров го коментираше натпреварот со Холандија. 


„Уште вчера кажав дека нè очекува тешка борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што нè очекува, иако се надевав на позитивен резултат. Требаше да ја искористиме таа позитивна атмосфера и самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките се исти дома и на пазар што се вели. Секој меч е различен. Натпреварот излезе тотално надвор од контрола. Личеше на сè, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборувам и да се правдам поради нешто, но ривалот имаше дванаесет пенали.
Колку и да е подобар противникот, тешко е како тренер да се води тимот со дванаесет пенали против вас. Ние имавме скоро дваесет минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра, седум на шест, а особено со играч помалку. Ако не дадеш гол, веднаш ти даваат, тоа е скоро па сигурно, а дури и кога си комплетен имаш проблем. Им реков на момците дека мора да се бориме, повеќе пати го кажав тоа. Брзите контри на Холандија и играта со брз центар се неодбранливи, на чело со организаторот Стеинс. Се обидовме и бевме близу. Направивме грешки во првиот дел, а во тие моменти ја направија таа разлика. Пробавме со фластер на Стеинс, пробавме и да се вратиме и назад со плитка зона, едноставно се обидовме со сè. Петар е неискусен играч, има само 21 година и во таа ситуација мораше да го остави. Џонов добро го замени, одигра доста интелигентно. Сепак, со толку исклучувања и пенали... Сега ни останува да се подготвиме за Гвинеја“, изјави Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk