Џонов: Имаме рецепт, треба да го следиме



Холандија е вториот противник на македонската репрезентација на тековниот мундијал, дуел што доби поголема тежина откако Македонија одигра добар меч со Унгарија. 
Сега летвичката што треба да се прескокне е на следната поголема висина. Противникот не е толку физички силен како Унгарците, но е многу побрз што бара поинаква дисциплина во играта, особено во спречувањето на нивните брзи акции. 

„Го оставивме зад себе дуелот со Унгарија, секако дека во прв момент тагувавме што не успеавме да стигнеме до победата што ни беше толку блиску, но од друга страна, ако некој ни понудеше реми пред мечот без размислување ќе прифатевме. Одигравме квалитетен натпревар, не бевме потценети од Унгарците, туку едноставно ние игравме на високо ниво и тоа е најважно од се. Сепак, ова е турнирски систем, мора веднаш да се фокусирате на следниот предизвик, за нас тоа е Холандија. Играме против уште една квалитетна репрезентација, мислам дека според стилот на игра Холандија и Унгарија воопшто не можат да се споредат, но тоа е најмалку важно, она што е најважно ние да ја играме нашата игра, советите од стручниот штаб да ги исполниме на терен бидејќи тоа е рецептот за успех на нашата репрезентација“, изјави Џонов во пресрет на оваа средба.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk