Филип Кузмановски го „отвори“ мундијалот со десетка. И на листата на стрелци и за перформансот на дуелот со Унгарија.
Тоа беше само првиот чекор на ова СП, денеска очекуваме игра на исто ниво, иако противникот игра поинаков тип на ракомет отколку што беше робусната и силна Унгарија. Дали е тоа подобро за македонскиот тим или не ќе видиме вечерва. Една од „тајните“ за добар настап на СП е претходниот натпревар дали добар или лош што побрзо да се архивира и да се наместат нишаните кон следниот противник.
Унгарија мораме да ја заборавиме, имавме анализа за да видиме што можеше да се одигра подобро, што треба да поправиме. Пред нас е Холандија, уште еден квалитетен противник, добра селекција. Не треба да заборавиме каков натпревар имавме против нив на последното Светско првенство и со колкава разлика загубивме.
Тоа треба да биде предупредување за нас, мора да бидеме максимално фокусирани во враќањето во одбрана бидејќи го имаат Лук Стејнс, знаме како ги организира тие полуконтранапади. Добро ги анализиравме Холанѓаните. Мотивирани сме, си покажавме сами на себе дека можеме да играме против квалитетни репрезентации, самодовербата е на повисоко ниво.
Горд сум на на момците бидејќи покажаа како се игра за Македонија, сите беа пожртвувани, на теренот делувавме како едно. А со толку голема поддршка од нашите навивачите мислам дека заслужуваме да победиме на крај. Мора да бидеме борбени и агресивни. Повторно ќе го земам за пример мечот со Фарски Острови, надокнадивме толку голема негатива, проработе македонскиот инает. Мора да веруваме во себе, да играме на ист начин“, изјави Кузмановски.