Равенсберген: Нема да ја потцениме Македонија



Холандија и Македонија имаат сметки за подмирувње по дуелот што го одиграа во 2023 на мундијалот во Полска.
Тогаш победи Холандија, а тој мундијал беше стартна точка од која кариерата на голманот Барт Равенсберген беше лансирана, цената му порасна, а добиваше понуди од силни бундеслигашки екипи.
Настапот на Равенсберген на овој мундијал беше под прашалник. Поради операција на колено беше надвор од теренот со месеци, сега е фит, но првиот официјален натпревар на кој се појави по операцијата беше дуелот со Гвинеја, пред два дена во Вараждин.

„Добро беше што отворивме така лесно и рутински. Секогаш е незгодно на првите средби, особено против селекции кои се дебитанти на големи натпреварувања, но ние почнавме фуриозно од почетокот, создадовме добра предност и тоа ни овозможи полесно да го финишираме мечот. Знаеме дека нема да биде лесно против Македонија и едно е сигурно - многу ја почитуваме вашата репрезентација и сигурно нема да ја потцениме. Пред две години бевме изненадени колку лесно победивме во Краков, но знаеме дека тоа нема да биде случај овде во Вараждин“, ни изјави Равенсберген.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk